Работи што ги има во секој јапонски дом, а ги сакаме и ние

Не е за џабе тоа што Јапонија честопати се нарекува „друга планета“. Сè што треба да направите е да ѕирнете во стан на обичен жител на Јапонија и ќе видите врати на фрижидерот што се отвораат на различни страни, облека што не се суши на балконот и под со посебна текстура за во бањата.

Ние направивме список со корисни работи што многу јапонски домови ги имаат, и може да ни послужат како инспирација.

Одвод со мрежа за собирање коса

Многу луѓе се свесни дека Јапонците пред да се бањаат се тушираат. Одводот во бањата има специјално парче мрежа што собира коса. Ова значи дека Јапонците ја отстрануваат косата секогаш кога ја чистат бањата. Затоа, ризикот од затнување на одводот е многу мал.

Под со посебна текстура во бањата

Подот во бањата има ребреста површина, така што станарите не се лизгаат додека се во бањата.

Мултифункционална вентилација

Вентилацијата во јапонските апартмани не прави само проветрување на влажниот воздух. Може да функционира и како сушара за облека.

Многу голем мијалник

Мијалникот не се користи само за миење раце, туку и за бањање бебиња и перње мали парчиња облека. Патем, мијалниците се прават со посебен дел на кој можете да седнете бебе.

Уред за загревање на огледалот

Освен контролните панели за температура и вода, многу јапонски апартмани имаат и систем за загревање на огледалото кое го спречува замаглувањето поради топлата вода.

Домофон со опција за снимање видео

Јапонските куќи се опремени со домофони кои имаат опција за снимање видео. Ако некој се јави во станот додека станарите не се дома, тие можат да гледаат и да снимаат сè за да дознаат кој ги посетил и во кое време.

Фрижидер со врати што се отвораат на двете страни

Благодарение на фактот што вратите на ладилникот можат да се отворат во двете насоки, тој може да се вклопи во кој било распоред на кујна. И овој тип фрижидер е погоден за луѓе кои се леваци.

Шпорет што работи на батерии

Јапонските шпорети на гас се дизајнирани поинаку. Тие работат со батерии што се вметнуваат во посебен дел на шпоретот.