Работи во вашиот дом што прават вашите гости да се чуствуваат непријатно

Сите ние сме љубопитни и често не можеме да одолееме на желбата да испитаме туѓ стан кога ќе дојдеме на гости. Понекогаш дури им кажуваме на нашите пријатели дека Марија ги тера гостите да сечат кромид и дека Иван го чува ѓубрето во кујната со денови.

Овие неколку работи може да се непријатни за вашите гости, па затоа добро е да обрнете внимание на нив пред да пивикате некој на кафе.

Специфични книги оставени на повидок

Можеби едноставно сакате да читате книги за хипнотерапија или сериски убијци, но на некои гости тоа им е сомнително. Нема потреба да ги криете страстите од вашите најдобри пријатели, но ако на гости имате луѓе кои не се блиски со вас, овие книги треба да се сокријат.

Недостаток на потребни предмети во тоалетот

Може да биде прилично непријатно ако во бањата нема ниту четка за тоалетот, ниту тоалетна хартија.

Гостинот не треба да пребарува низ вашите полици обидувајќи се да ги скрие трагите на нивните „злосторства во тоалетот“. Добар домаќин ќе ги остави потребните работи на видливо место или ќе објасни каде може да се најде сè што може да ви треба.

Се обидувате да ги „здружите“ вашите миленици со гостите.

Не сите гости ќе бидат воодушевени од фактот дека ја ставате вашата бела мачка на нивните црни панталони. Некои луѓе генерално се плашат од животни, па идејата да седат во истат просторија со вашиот миленик за нив би била ужасна.

Оставање лични предмети на видливи места

Гостинот не треба да знае дека домаќинот носи боксери со Штрумфови или дека домаќинката носи улошки  со мирис на камилица. Производите за лична хигиена можат привремено да се сокријат, а решетката за сушење алишта може да се однесе во друга просторија.

Чистење сред забава

Ако домаќинот стане сред вечерата за да ги измие садовите или го фаќа паника кога трошка паѓа на подот, на гостите може да им биде непријатно. Само опуштете се и уживајте во вашата забава, ќе чистите кога сите ќе си заминат.

Неизмиени садови

Многу е непријатно кога на чашата за кафе има траги од кармин кои не сте успеале да ги измиете. Тоа може да му каже на гостинот дека вие воопшто не ги миете вашите садови како што треба Патем, дамките од чај и кафе лесно може да се отстранат со сода бикарбона.

Извинување за нередот

Ние даваме се од себе да го исчистиме нашиот дом пред да пристигнат гостите, но дури и ако не е така, нема потреба да го насочуваме вниманието на нашите гости кон ова. Фразите како „Извинете за нередот“ или „Извинете, детето повторно расфрлаше играчки“ може да ги натераат гостите да се чувствуваат непријатно. Гостинот може да се чувствува виновно за „упад на туѓа територија“ во погрешно време.