Работите во канцеларија и колегите постојано ви крадат од вашите храна или пијалоци? Оваа жена го има решението: „Кремот за кафе го заменив со сопственото мајчино млеко“
Суровата шега на една мајка остави илјадници шокирани, откако таа откри дека го заменила кремот за кафе со мајчино млеко во фрижидерот во нејзината канцеларија.
Савана, купила шише од нејзиниот омилен крем за кафе и го оставила во заедничкиот фрижидер и видела како за брзо време го снемува.
На крајот сфатила дека еден од нејзините колеги си земал без прашање и решила да ја замени течноста со нејзиното мајчино млеко за да му одржи лекција.
Савана додала белешка на шишето една недела подоцна: „Добро утро на овој кој цела недела ужива во мојот крем за кафе… изненадување! Ти го пиеше моето мајчино млеко. Се надевам дека уживаше. На здравје!“
Таа додаде: „П.С.: Органски е, па без грижи“.
Некои мислеа дека е „урнебесно“, други мислеа дека вистинската шега е тоа што мајката успеала во трикот.
„Зошто некој би го ставил мајчиното млеко во сад за крем за кафе? Ова е очигледно лажно“, додаде еден следбеник.
И останати канцелариски работници ги споделија своите искуства со крадците на храна во заедничките фрижидери.
„Некој секогаш ми крадеше сок што требаше да ми трае една или две недели. Моето име беше на него, но тоа не беше важно. Ставив голема етикета на неа велејќи „лабораториски експеримент“ и успеа. Никој веќе ништо не чепна“, рече еден.
„Оставив кашкавал во автомобилот во лето три дена, а потоа го ставив во фрижидер на работа. Некој го изеде!“ друга сподели.
„Ќе ставев лаксатив или нешто полошо таму за да го казнам крадецот. Треба да научат да не го допираат она што не го донеле!“ рече една жена.
Некои мислеа дека „шегата“ всушност воопшто не е штетна.
„Многу поздраво отколку што купуваат глупости во продавница!“ рече еден човек.
Коментирај анонимно