Работник пронајде писмо од 1941 година скриено на покривот на црква, кое буди емоции

Временските капсули можат да ни понудат увид во тоа како некој живеел во минатото и овој пат една таква беше пронајдена во облик на писмо. Работник кој го поправал таванот во црквата С. Џејмс во Антверпен, Белгија пронашол кутија за кибритчиња во која внимателно било спакувано писмо. Кутивчето било сместено во клучен камен што ги поврзува сводовите на таванот.

По подетален преглед било утврдено дека писмото датира од 21 јули 1941 година. Но, содржината на самото писмо била поинтересна од начинот на кој го пронашле.

Потпишано од 4-ца мажи, Џон Јансен, Џул Гуселинцк, Луис Шантрајн и Џул Ван Хемелдонк, ги откри мрачните времиња и лошите услови во кои работеле. Зачудувачки, мажите имале што да им пренесат на идните генерации и искреното писмо е прилично емотивно.

Еве го преводот на писмото: