Работникот смисли брз и ефективен начин да ги спаси малите мачиња заглавени во мразот

Еден работник на нафтена платформа во Канада беше прогласен за херој откако објави видео во кое спасува три замрзнати мачиња на прилично едноставен начин.

Кендал Дивиш вршел увид во бунарите во близина на Томахавк, во Алберта, Канада и слушнал „плач“ на мали мачиња. Кога се доближил ги видел трите мали суштества со замрзнати опавчиња за земјата.

Кендал морал да размислува брзо и така отидош до неговиот камион и прво што му дошло при рака било неговото кафе во термос. Така со истурање на своето кафе тој спаси 3 животи. Кендал ги однел мачињата дома, ги стоплил и ги нахранил.

Животните биле прилично пријателски расположени, па за кратко време сите 3 мачорчиња биле посвоени од едно семејство, со цел да останат заедно. Ова е една приказна со тажен почеток, но многу среќен крај.