„Рајот мириса на печено пилешко“ – Неврохирург се разбудил од кома и споделува што доживеал додека бил на работ помеѓу животот и смртта
Д-р Ебен Александар, познат неврохирург, паднал во еднонеделна кома предизвикана од сериозна инфекција со Eшерихија коли која влијаела на мозокот. Лекарите се плашеле дека нема да преживее и разговарале за можноста за исклучување на апаратите за одржување во живот. За среќа, човекот закрепнал, а по инцидентот детално ги опишал своите визии и сензации кои ги доживеал за време на комата.
Тој тврди дека видел „бели облаци“ и дека мирисал „интензивен мирис како аромата на печено пилешко“ и дека ги набљудувал долините на „бујното и плодно зеленило каде водопадите се влевале во кристално чистите езера“. Лекарот се смета себеси за единствениот човек кој бил во кома со целосно инвалидизиран церебрален кортекс, што го потврдуваат и медицинските истражувања.
Освен тоа, Ебен известил дека видел ангели и други суштества кои пееле и сето тоа звучело „колосално“. За сето тоа време тој бил придружуван од „извонредно убава жена“ која никогаш не ја видел.
Коментирај анонимно