„Раката на Бог“ мистериозно се појави на ехо-снимка откако мајка се молела за здравјето на своето бебе

Аманда Фостер од Кентаки, САД, верува дека нејзиното бебе е благословено од „раката на Бог“, откако на ехо-снимка од 32-та недела од бременоста се појавил невообичаен приказ – голема рака што го допира главчето на нејзиното неродено дете во утробата.

Аманда, која е бремена осум месеци со машко дете, откри дека пред секој преглед се молела со зборовите: „Господи, те молам, држи ја Својата рака над моето бебе“, особено по раната дијагноза на срцева аномалија кај плодот.

Имено, докторите откриле проблем со ѕидот што ги одвојува деловите на срцето блиску до аортата – големата артерија што ја носи крвта од срцето до телото – состојба што може да биде животозагрозувачка.

Снимката брзо се прошири на интернет, при што многумина ја нарекоа „чудо“ и „божествено дело“, додека некои сугерираа дека станува збор за раката на самото бебе, искривена и зголемена поради аголот на ултразвукот. Но, Аманда и нејзиниот сопруг Кајл цврсто веруваат дека Бог ја поставил Својата рака за да го заштити нивниот син.

 

„Раката на Бог“ мистериозно се појави на ехо-снимка откако мајка се молела за здравјето на своето бебе

 

 

Од болка до надеж: Патот на една мајка кон верата

Аманда ја започнала својата тешка родителска приказна уште на 17-годишна возраст, кога го изгубила своето прво бебе – момче, кое било дијагностицирано со Потеров синдром, ретка и фатална состојба каде бубрезите не се развиваат правилно, што води до недоволен развој на белите дробови и тешкотии со позицијата на фетусот.

 

„Во тој момент мислев – ако Бог ќе ми го земе синот, нека ме земе и мене“, раскажува таа. Но, животот продолжил и по оваа загуба, а со тоа се зголемувала и нејзината болка, лутина и оддалеченост од верата. Подоцна родила две здрави девојчиња, но и покрај тоа, чувствувала дека тоне во внатрешна болка и ментална тортура.

„Никогаш не се посомневав дека Бог постои, но не сакав ништо да имам со Него поради тоа што мислев дека ми го направил“, вели таа.

Пресвртниот момент се случил во септември 2021 година, кога целосно се препуштила на верата и се посветила на Исус Христос.

Само два месеци подоцна, повторно останала бремена, а во март 2022 дознала дека носи здраво машко дете – момче кое денес има скоро три години.

Сегашната бременост, со уште едно момче, имала свои подеми и падови, но Аманда останала цврста во молитвата. На последниот преглед, со неа била и нејзината ќерка Бејли, која прва ја забележала „огромната рака“ над лицето на своето идно братче.

„Што повеќе размислувам за снимката, толку повеќе ме обземаат солзи и благодарност за сè што Бог направил и продолжува да прави за мене“, заклучува Аманда.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *