Ракетата Starship на Илон Маск експлодираше откако изгуби контрола предизвикувајќи паѓање на остатоци на Земјата што направи хаос во авио-сообраќајот (видео)

Ракетата Starship на SpaceX експлодираше во вселената откако изгуби контрола, предизвикувајќи паѓање на остатоци кон Земјата и привремено стопирање на летови на неколку аеродроми во Флорида, вклучувајќи ги Мајами, Орландо, Палм Бич и Форт Лодердејл.

Ракетата беше успешно лансирана од „Старбејс“ во Тексас во 17:30 по локално време. По првичниот успех, се чинеше дека летот ќе ја постигне својата цел. Бустерот успешно се врати на Земјата и прецизно слета на платформата.

 

Меѓутоа, околу 10 минути по лансирањето, четири од шесте мотори на Starship престанаа со работа, што доведе до неконтролирано вртење на ракетата. Наскоро потоа, SpaceX изгуби контакт со леталото, а видеопреносот беше прекинат.

Остатоци од експлозијата беа забележани како паѓаат над Бахамите и Мајами, но SpaceX потврди дека нема токсични материи што би можеле да ја загрозат животната средина.

 

 

Мисијата требаше да тестира неколку клучни компоненти, вклучувајќи:

  • Одвојување на Starship од бустерот и негово безбедно спуштање во Индискиот Океан.
  • Тестирање на можноста за лансирање на Starlink сателити за време на летот.
  • Подобрување на системот за повторна употреба на бустерот.
  • Иако мисијата беше неуспешна, SpaceX нагласи дека секој тест придонесува за подобрување на технологијата.

Федералната управа за авијација (FAA) отвори истрага за инцидентот, а SpaceX ќе спроведе анализа за да ја открие причината за неуспехот. Компанијата останува фокусирана на својата крајна цел – испраќање на луѓе на Марс.

 

  • Андреј напиша:

    Сте станале многу анти-Трамп медиум , Гледам пост за пост се против неговата администрација. Што толку ви згрешил? Дали можеби ве повреди со кратенње на финансиските средстава ?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *