Ракометарки одбиле да играат во бикини и за тоа добија казна

Да не бидеме лицемерни и само да признаеме дека обожаваме да гледаме дами во бикини, како вежбаат и спортуваат. Но, дамите секако треба да имаат избор дали ќе излезат вакви на терен. И се чини дека ракометарките на плажа го немаат овој избор. На пример, норвешките ракометарки на плажа се казнети строго, откако решија да не носат бикини на Европското првенство во ракомет на плажа.

Во битката за третото место против Шпанија, ракометарките носеа шорцеви и тоа се казнува со парична казна од 1500 евра. Дисциплинската комисија разгледа случај на несоодветна облека што не беше во согласност со прописите дефинирани во правилата за игра на ракомет на плажа. Казна од 150 евра по играч, вкупно 1500 евра. Да, и тоа е малку смешно.