Ракописот на Кочо Рацин се овековечи со автентичен дигитализиран фонт

Графичкиот дизајнер и типограф Ласко Ѓуровски работи на дигитализација на ракописот на поетот Кочо Рацин и изработка на фонт базиран на огигинални документи. Ттипографот порано работеше на изработка на кирилски фонт за лица со дислексија.

Тој веста ја сподели на неговиот Фејсбук профил каде што објави слики од дигитализираниот ракопис на Рацин.

„Се обидувам максимално да ја задржам автентичноста на неговиот ракопис, се разбира, со мали модификации неопходни за негова употреба во нашава, дигитална сегашност. Досега се изработени 24 мали кирилични букви. Да го чуваме и надградуваме македонското културно наследство, да го запишеме во вечноста каде што никој не може да го избрише“,  напиша тој во постот.