Раперка која се прослави затоа што кажа глупост сега заработи милион долари за само 6 часа

Бхат Бхаби (Даниел Бреголи) пред неколку дена го прослави својот 18-ти роденден. Во чест на ова, таа отвори сметка на популарната платформа OnlyFans, каде за шест часа заработи милион долари: 750 илјади долари на претплата, повеќе од 260 илјади долари на платени пораки и повеќе од 5,5 илјади долари „бакшиш“. Во исто време, содржината што ја објави, благо речено, не е најжешка.

Девојчето се прослави откако на само 13-годишна возраст учествуваше со нејзината мајка во шоуто на „Др Фил“ и беше прилично некултурна и дрска и во еден момент му рече на водителот: „Cash Me Outside“ (Исплати ме надвор), а публиката ја нарекла: „Еден куп ку*рви“ Мајката ја донела својата ќерка затоа што била многу насилна и не можела да се справи со неа. Но, еве ја Даниел благодарение на глупостите што ги кажа повеќе не живее во сиромаштија.