Раперот Дрејк си носи фризура како 5 годишно девојче и баш му е гајле: „Сигурно очекува пони за роденден!“
Дрејк во четвртокот сподели фотографија со нова несекојдневна фризура на социјалните мрежи, која привлече многу внимание, поради тоа што луѓето го споредија со лик од цртан филм.
36-годишниот канадски рапер објави фотографии на својот „Инстаграм“, на кои се гледа неговата коса поделена во две странични пунџи со светло розови штипки за коса.
Објавата го покажа Дрејк како седи покрај кошаркарската ѕвезда Кевин Дурент (35) на настан.
Некои од коментарите гласеа: „Леле како изгледа Дрејк како лик од цртан филм“.
„Дрејк само моли да биде мем на АТП“, гласи друга објава.
Друг пост предложи социо-економски диспаритет како мотивација за фризурата.
„Мега богаташите секогаш мора да имаат некаква апсурдна работа околу нивниот изглед. Тие сакаат да им се смеете затоа што сакаат да знаете дека вашето мислење за нив не значи ништо“, се вели во еден твит.
Коментирај анонимно