Раперот Кање Вест изгледа дека погрешно го сфатил правилото за „задолжително носење маска“

Кање Вест беше забележан како носи бизарна протетска маска која го покрива целото негово лице за време на состанокот со Мајкл Коен, поранешен адвокат на Доналд Трамп.

Коен, беше ослободен од затвор во мај 2020 година и е во домашен притвор по неговото осудување за измама. Тој изјави дека Вест ја носи маската за да ја задржи анонимноста во јавност.

Тој рече: „Целта беше луѓето да не го препознаат. Првите 10 минути седнавме, а тој беше „нападнат“ од луѓе кои сакаа да се сликаат со него.

„Затоа, тој ја стави оваа маска, за да му даде анонимност, што е интересно, но не функционираше многу“.

Не е изненадувачки што маската не успеа да го скрие идентитетот на Вест, бидејќи тој беше виден како ја носи на аеродромот ЏФК претходниот ден и исто така бил забележан како носи маски во Берлин и Венеција.

Тој, исто така, носеше маски за време на промоцијата на Донда, неговиот последен албум.

Pејачот неодамна официјално го смени името во „Ye“, откако судија во Лос Анџелес го одобрил неговото законско барање.

Музичката sвезда официјално подела барање за промена на името на 24 август, наведувајќи „лични причини“ зад неговата одлука.