Раперот малку претера со дијамантите и златото

Рапер тврди дека е првиот човек кој хируршки всадил златни синџири и дијаманти во главата.

Мислевме дека видовме се` кога Лил Узи Верт имаше закачено огромен розов дијамант на челото, но Ден Сур отиде чекор понатаму и тврди дека е првиот рапер и веројатно првиот човек што има златни синџири намессто коса.

Регетон уметникот го покажува своето ново дело на своите илјадници следбеници на социјалните мрежи. Забите на музичарот исто така се покриени со злато.

„Вистината е дека сакав да направам нешто различно, бидејќи гледам дека секој ја фарба косата. Се надевам дека нема да ме копираат сите сега “, рече тој во една од неговите објави.