Раперот одлучи да се пофали во песна како ја ограбува Америка за време на криза и го доби она што го бараше

Од избувнувањето на Ковид-19, во Америка стана полесно да се аплицира за привремени бенефиции. Нешто што 31-годишниот Фонтрел Антонио Бејнс познат како, Нуке Бизле го чекал со нетрпение. Преку измама со лажни идентитети, лажни домашни адреси и измама во дебитни картички, раперот украл околу 1,2 милиони долари. Но, наместо да биде умен и да молчи тој одлучил да си се пофали во песна и детално да раскаже што направил. Секако властите брзо сфатиле и му се заканува казна затвор од 22 години.