Раперот Снуп Дог на смешен начин ја спасува планетата во необична реклама

Да, кога некој ќе каже Снуп Дог веќе го замислуваме како удобно си седи на креветот… и си прави чај од тревки. Тогаш зошто и рекламата во која тој ја има главната улога да не изгледа како веќе да консумирал голем дел од тие тревки?

Во смешната реклама, која веќе некои ја прогласија за најдобрата во 2020, Снуп Дог вели дека е среќен затоа што се радува на „малите нешта“ и да се поминат празниците со семејството, иако сите уживаат во луксуз и неговите деца се всушност… тој. Иако децата го игнорираат на него не му пречи кога ќерка му ќе му каже дека е на учлиште, а син му ги гледа неговите стари спотови. И да потоа разговара со скоро изумрен вид на желка за спасување на светот.

Инаку рекламата е за машина која обичната вода ја претвора во минерална со додавање јаглерод диоксид од цилиндар под притисок. Така што на овој начин да се намали купувањето на минерална вода во пластични флаши.