Расфрланите континенти на Земјата: Погледнете го нивниот „танц“ во најдеталната визуелизација направена досега

Тектонските плочи кои ја зафаќаат Земјата се движат како парчиња од сложувалка но по неколку милијарди години тоа е доволно за да се премине целата планета. Ова е токму она што го покажува визуелизацијата на движењето на тектонските плочи на Земјата низ нејзината историја.

Научниците успеаја да направат еден од најкомплетните модели на движење на тектонските плочи досега, а направија и видео-визуелизација што ја сумираа во 40 секунди. На ова видео, можете јасно да видите како тектонските плочи се селеле од најраната историја на Земјата до денес и како тие влијаеле едни на други.