Разбојници смислиле одличен начин како да ја попречат полицијата откако ограбиле банка

Десетици вооружени лица упаднале во банка во Бразил и извршиле грабеж во стило на познатата серија „Куќа од хартија“. Грабежот се случил во Крисиума во државата Санта Катарина, каде што „најмалку 30 напаѓачи и 10 автомобили“ биле вклучени во организираниот напад. Грабежот се одвивал цела вечер.

По намерната експлозија за време на грабежот, илјадници банкноти завршиле расфрлани по улицата на градот, а жителите веднаш се фрлиле во собирање на паднатите банкноти. Околу 120.000 евра биле расфрлани по улиците поради експлозијата. Потоа четворица жители биле приведени затоа што сакале да земат голем дел од готовината.

Според извештаите, локалните луѓе биле заложници за време на грабежот, што довело до размена на куршуми меѓу разбојниците и бразилската полиција. Двајца службеници биле застрелани за време на размената, но за среќа немало жртви. Се верува дека и двајца од криминалците се повредени.

Клесио Салваро, градоначалник на градот, објавил на Твитер: „Безбедносните агенции сè уште се мобилизирани и работат на апсење на криминалците вклучени во нападот утрово.“

Еден човек кој поминал покрај банката непосредно пред да се случи грабежот бил Хозе Дамасио. Тој вели дека да задоцнил 15 минути најверојатно и тој ќе бил еден од заложниците.