Разгледница простигнала по пошта скоро 100 години откако првично била испратена
Го знаете тоа чувство на нервоза што го добивате кога пакетот кој го очекувате доцни неколку дена. Па, замислете го тоа чувство зголемено до 100 години. Едно семејство „чекало“ да им пристигне разгледница скоро еден век. Жената од Мичиген останала збунета кога во нејзиното сандаче ја пронашла разгледницата.

Бретани Кич ја пронашла разгледницата заедно со нејзините вообичаени сметки и несакана пошта внатре во нејзиното сандаче и првично не размислувала многу за неа. Меѓутоа кога почнала да размислува сфатила дека нешто не е во ред. „Мислев дека е многу чудно што добивам разгледница бидејќи никој повеќе не испраќа разгледници во денешно време“, изјавила таа.

Дури подоцна, тој ден кога ја погледнала разгледницата правилно, забележала дека е пратена по пошта на 29 октомври 1920 година и додека на пликот била испишана нејзината адреса на живеење во Белдинг, Мичиген, но била адресирана на некој што се вика Рој Меквин. Во разгледницата пишувало:

Драги братучеди,
Се надевам дека ова ќе ве најде сите добро. Ние сме доста добро, но мајката има проблеми со колена. Тука е ужасно студено. Јас штотуку ја завршив лекцијата по историја и одам во кревет многу скоро.
Татко ми се бричи, а мајка ми ми ја кажува твојата адреса. Морам да завршам за вечерва. Се надевам баба и дедо се добро. Не заборавајте да ни пишете – Рој уште ги поправи пантолоните.
Флоси Бургис.

Разгледницата е пратена два дена пред Ноќта на вештерките во 1920 година. Кич своето откритие го сподели на социјалните мрежи во надеж дека ќе ги најде роднините на испраќачот или некој што можеби го познавал семејството.
