Разочарана идна невеста одлучила да го откачи вереникот и да си направи целосна трансформација, откако дознала што ѝ прави зад грб

Емили Донован од Маргам, Порт Талбот, Велс, требала да се омажи и мислела дека е најсреќната девојка во светот, но одеднаш целиот свет на 24-годишната девојка се срушил.

Таа му раскинала на свршеникот откако дознала дека ја изневерува. Веднаш потоа одлучила целосно да си го промени животот. Девојката го сменила начинот на исхрана, почнала да вежба и драстично ослабнала.

„Претходно не сакав да се дотерувам и излегувам затоа што не сакав да се сликам. Речиси како да сум пропуштила поглавје од мојот живот.“, вели Емили. Таа редовно трчала, одела во теретана и со здравата исхрана изгубила повеќе од 38 килограми, додека на почетокот на нејзиното патување имала 100 килограми.

Емили вели дека уште од дете била склона кон дебелеење, но додека била во нејзината 5 годишна врска уште повеќе се опуштила и јадела сѐ што ќе ѝ дојде при рака.

„Никогаш порано не готвев. Купував или излегував да јадам со пријателите или момчето. Оброците ми беа од тип на сендвич и чипс. Понекогаш ги пропуштав оброците и јадев многу грицки.“, вели Емили. Донован вели дека сега ужива во домашните јадења и поминува многу повеќе време вежбајќи.