Разведена Барбика (виц)

Во продавница за играчки, еден татко оди со малата ќеркичка да ѝ купи подарок – кукла Барби.
Продавачката објаснува:
– Имаме три вида на Барбики: Барби немажена, Барби мажена и Барби разведена.
– Која колку чини?
– Барби немажена чини 500 денари, Барби мажена исто така чини 500 денари, а Барби разведена чини 3000 денари.
– Зошто разведената е толку поскапа од другите?
– Затоа што таа оди во комплет со куќата на Кен, колата на Кен, хеликоптерот на Кен и уште 20-тина други предмети на Кен.