Развод после 15 години брак (виц)

Судијата:
– Зошто барате развод од сопругата?
– Кога и да се скараме, почнува да ме мава со тави и тенџериња.
– Од кога се случува тоа?
– Започна веднаш после свадбата и трае веќе 15 години.
– А зошто дури сега барате развод?
– Порано бев побрз и ме промашуваше.