Разводот е скапа работа на запад: Тренерите за развод се новите „адвокати“ на несреќните брачни двојки, само што овие наплаќаат и по 300 долари на час
Сѐ повеќе парови кои се на работ на развод избираат скапа, но сѐ попопуларна алтернатива на терапијата – ангажирање тренер за разводи. Наместо да се потпрат исклучиво на правници или психолози, тие плаќаат и по неколку стотици долари на час за лична поддршка при најтешките моменти од нивниот живот.
Според „New York Times“, дури 40-50% од првите бракови завршуваат со развод, а на секои 42 секунди, еден пар во САД ја прекинува својата брачна врска, пренесува „The Hustle“. Иако разводите денес се сѐ поприфатени, тоа не ја прави ситуацијата помалку болна или комплицирана.
Колку чини ова искуство?
Затоа постои сѐ поголема побарувачка за тренери како Рене Гарсија, кој работи во Мајами и Лос Анџелес. Тој лично поминал низ развод, што му дава дополнителна емпатија и разбирање кон клиентите. Освен што им помага да ги одвојат емоциите од правните аспекти, тој соработува со адвокати, подготвува стратегии за живот по разводот, нуди 24-часовна поддршка и дури советува за нови љубовни врски.
Цената? Гарсија наплатува од 1.600 долари па нагоре, додека другите тренери бараат помеѓу 50 и 300 долари на час.
Љубовта не е доволна
За оние кои сакаат да избегнат развод, адвокатката Падидех Џафари предупредува на неколку чести грешки: занемарување на партнерот поради работата или децата, лоша комуникација и користење социјални мрежи на начин што може да го загрози брачниот однос. Таа нагласува дека љубовта не е доволна – потребни се и намера, време и труд.
Разводот можеби е крај на една приказна, но со правилна поддршка, тој може да биде и нов почеток.
Машки совет до сите момци: правете предбрачен договор, она што е ваше, во случај на развод, да остане ваше. При развод да важи правилото за еднакво родителство (50/50%) а не да и плаќате алиментација а таа да ги врти децата против вас и да не дава отчет за што ги троши парите.
Коментирај анонимно