Реализацијата на студентските ваучери продолжува – СЕТЕК останува омилена станица

 

Акцијата со студентските ваучери за набавка на електронски уред продолжува со полна динамика, а СЕТЕК останува омилена станица за студентите кои сакаат максимално да ја искористат оваа можност. Причината е едноставна: најбогата понуда од водечки брендови, по најповолни цени.

Во салоните на СЕТЕК студентите избираат меѓу стотици модели лаптопи, таблети и десктоп конфигурации. Понудата е креирана да одговори на различните студентски потреби – од онлајн предавања и секојдневни задачи, до перформанси потребни за дизајн, обработка на мултимедија и други напредни активности.

 

Дополнително, СЕТЕК во партнерство со Шпаркасе банка АД Скопје нуди специјална промотивна можност за студентската популација: секој студент што ќе го искористи ваучерот од 15.300 денари и ќе изврши доплата со која било картичка од Шпаркасе Банка при купување лаптоп во сите продажни салони на СЕТЕК, ќе добие пакет-подарок – ранец и маус. Кампањата е наменета за првите 1.000 купувачи што ќе извршат доплата со Шпаркасе картичка, обезбедувајќи им директна корист и поддршка во нивниот академски и секојдневен живот.

За полесен избор, изготвен е и специјален каталог со акциски цени на лаптопи, кој ги содржи сите достапни модели и понуди на СЕТЕК за студентите.

СЕТЕК – студентска станица за техника.

Се гледаме во СЕТЕК!

 

 

  • Васе напиша:

    Со години секоја влада го прави истото… Чисто, купување гласови!
    Кој ученик во денешно време нема лап топ или компјутер не ми е јасно? За мобилен да не говориме!
    А и младииве итри, да фатат некој денар со замена „на-ти-го, дај-ми-го“!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *