Рецепт на денот: Пробајте нешто поинакво – Јакитори пилешко на јапонски начин
Јакитори значи пилешко на скара. Овој рецепт користи тава со решетка за да можете да го направите дома, но подеднакво ќе важи и за вашата скара. Ако имате само тава за пржење, и тоа е во ред.
Уживајте во Јакитори денес!
Состојки
6 пилешки гради
¼ чаша – 60 ml темен соја сос
120ml бело вино
1 чешне лук
2 лажици кафеав шеќер
6 млади кромиди
Големи стапчиња за да ги наредите состојките или ако сакате може и стапчиња од бамбус

Чекори
Чекор 1
Ако користите стапчиња од бамбус, најдобро е да ги натопите неколку часа во вода пред употреба, или најмалку 20 минути за да избегнете изгорување.
Чекор 2
Во мало тенџере додадете го белото вино и оставете го да зоврие за малку да се намали алкохолот во него. Додадете кафеав шеќер и соја сос. Додадете го мелениот лук и динстајте 10 минути или додека не се згусне. Резервирајте половина од сосот за сервирање. Оставете го на страна и оставете го малку да се излади пред употреба.
Чекор 3
Исечете ги пилешките гради на парчиња од околу 2 см. Гледајте приближно сите да бидат исто исечени. Исечете ја белата крајна половина од младиот кромид исто така со иста големина. Зелениот дел исецкајте го под агол за украсување.
Чекор 4
Наредет ги кромидот и месото наизменичнно на стапчето. Ражничите обликувајте ги рамни, а не тркалезни, за да имате две страни за готвење. Обилно намачкајте со маслиново масло, оставете ги на страна.
Чекор 5
Ставете тавче со решетка на силен оган. (Или користете скара) Ставете ги подмачканите пилешки раженчиња, намалете го огнот на средно ниско и пржете, ротирајќи на секои неколку минути додека не поруменат убаво од двете страни. Откако ќе се зарумени и пилешкото, премачкајте го сосот, продолжете да го вртите пилешкото додека мачкате повеќе сос. Продолжете додека не се убаво обоени. Внимавајте бидејќи штом ќе се карамелизира, може многу брзо да изгори. Малку подгорено е совршено и дава вкус, но премногу не е убаво.
Чекор 6
Послужете со ориз и зелен зеленчук како боранија.

Коментирај анонимно