Рејчел од „Пријатели“ нема што да крие. Џенифер Анистон се отвори за неплодноста, обидите да има деца како и шпекулациите за нејзините врски
Џенифер Анистон поголемиот дел од својот возрасен живот го помина во центарот на вниманието. На 53 години таа за прв пат се отвори за нејзиниот животен пат и за длабоката лична болка која ја оставила зад себе во списанието Allure.
Модната икона во „Пријатели“ сега живее во Лос Анџелес во прекрасна голема куќа со своите кучиња.

За корицата на декемвриското издание на списанието Allure позира во мини градник од Chanel, а исто така во останатите фотографии и во модели од Gucci, Balmain, Aisling Camps и Calle Del Mar.
Но омилената актерка откри дека ги мрази социјалните мрежи.

„Ги мразам социјалните медиуми. Тоа е тортура за мене. Причината поради која направив профил на Инстаграм беше да ја започнам мојата нова линија за коса“, објаснува таа. „Тогаш пандемијата удри и ние не започнавме. Па јас останав заглавена на Инстаграм. Тоа не ми доаѓа природно“.
Патот за да забремени бил уште потежок поради шпекулациите

„Се обидував да забременам. Тоа беше предизвикувачки пат за мене, патот да создадам бебе. Сите години и години на шпекулации… Беше навистина тешко. Пробував ин-витро, пиев кинески чаеви. Правев сè што ќе слушнев дека делува. Би дала сè некој да ми речеше: „Замрзнете ги јајцата. Направете си услуга“. Па еве ме денес. Бродот отплови. Но не се каам. Всушност чувствувам мало олеснување сега бидејќи нема повеќе, „Можам ли? Можеби. Можеби. Можеби“ Не треба повеќе да размислувам за тоа“.


Години наназад се вртеа шпекулации дека Анистон не била заинтересирана и не сакала да има деца или било која друга идеја што се продавала таа недела. Тоа додавало дополнително на нејзината болка. Додека луѓето само читале наслови и потоа си продолжувале со животот, таа не можела да продолжи така лесно, имала чувство дека е злоупотребена и дека сите мислат дека имаат право да зборуваат за клеточните случувања во нејзината матка.
„Тоа што додаваше на болката беше наративот дека сум себична. Само се грижев за мојата кариера. И не дај боже жена да биде успешна и да нема дете. А причината зошто мојот сопруг ме остави, зошто раскинавме и ставивме крај на бракот, беше затоа што не сакав да му дадам дете. Тоа беа апсолутни лаги. Немам што да кријам во овој момент. Толку бев исфрустрирана. Оттука и тој авторски текст што го напишав, за Хафингтон пост во 2016 година, критикувајќи ги медиумите за опсесијата со мојата бременост и третирањето на жените, генерално“
Но сепак таа се одлучила во лошото да најде добро.

„Се чувствувам најдобро за тоа која сум денес, подобро од кога и да е во моите 20-ти или 30-ти, дури и во средината на 40-тите. Би рекла дека моите доцни 30-ти, 40-ти, поминав низ навистина тешки работи, и да не беа тие, никогаш немаше да станам она што требаше да бидам. Затоа сум благодарна за сите тие лоши нешта. Во спротивно, ќе бев заглавена да бидам една личност која беше толку страшна, толку нервозна, толку несигурна за тоа која всушност е“. – сподели таа.
Комедијата ѝ го спасила животот

„Се сеќавам дека во средно училиште играв претстава од Чехов. Не беше смешно, а јас го правев смешно. И мојот учител рече: „Зошто едноставно не бидеш смешна само затоа што го имаш тоа во себе? И јас мислев: „Како се осмелуваш? Јас сум актерка што треба да игра во драми!“ Излезе дека тоа беше она што ми го спаси животот, комедијата. Има луѓе кои велат дека гледањето „Пријатели“ ги спасило за време на дијагнозата на ракот, или толку многу луѓе со толку голема благодарност за тоа мало шоу. Навистина се сакавме и се грижевме еден за друг. И тоа сè уште е така“.
За темата на бракот таа вели дека никогаш не треба да се вели никогаш.

„Никогаш не вели никогаш, но немам никаков интерес во моментов“, вели таа. „Би сакала врска. Кој знае? Има моменти кога сакам да се склопчам и да кажам: „Ми треба поддршка“. Би било прекрасно да се вратиш дома и да паднеш во нечија прегратка и да кажеш: „Имав тежок ден“.

Коментирај анонимно