Реклама која доведува до солзи: Што навистина сакаат децата за Божиќ?

Време е за новогодишните реклами, а колку рекламата може да ги погоди срцата на луѓето така ќе се процени и нејзината успешност. Неодамна многу луѓе беа растажени, но и разнежнети од рекламата на супермаркет од Ирска, SuperValu.

Рекламата го следи семејството во пресрет на Божиќ, со мало момче кое постојано ги прашува своите родители дали „тој“ ќе дојде за Божиќ. Секако сите мислат дека малото момченце мисли на Дедо Мраз, но приказната има пресврт.