Рекорд во балансирање на 319 чаши! Аристотелис професионално ги „балансира чашите“ од 1995 година, а ваков крај на видеото дефинитивно беше потребен!
Аристотели дење работи како консултант за безбедност, а ноќе како балансер со чаши на главата додека танцува забавувајќи илјадници луѓе секоја година во ресторани и настани. Аристотелис успеа да избалансира дури 319 чаши за вино на главата со што го собори претходниот рекорд од 270, поставен минатата година од Кипарецот Нтинос Кканти. Девет послужавници со чаши за вино, вкупно тешки преку 30 килограми, биле ставени еден на еден на главата на Аристотелис, а тој танцувал и ги забавувал случајните минувачи.
Браво за Аристотелис! Се прашуваме колку чаши има скршено додека да стигне до ова ниво.

Коментирај анонимно