Рекордни победници и губитници, сјај и кавги: 7 интересни факти за Евровизија

Омилената европска забава на многу луѓе денес има свој годишен врв, Евровизија. Ние пораснавме со неа, а за многу познати музичари таа беше отскочна даска во нивната кариера. Откријте нешто необично за музичарите и други интересни работи кои можеби не сте ги знаеле за Евровизија:

1. Да се развесели и обедини Европа по Втората светска војна – со песна

Евровизија можеби изгледа како бениген настан кој се одржува еднаш годишно со светки, костими и весели песни, но всушност се „родила“ со политичка агенда. Агендата била обединување на повоена Европа.

Започнала со италијанскиот музички фестивал Санремо, продолжила како забава за претежно западноевропските земји и на крајот се проширила на север, Југославија, а потоа и Европа – особено по падот на Берлинскиот ѕид и крајот на Студената војна кога земји од Источниот блок се приклучиле. Некој логично би помислил дека конкуренцијата е ограничена само на Европа, но досега учествувале некои други земји: Израел, Турција, Мароко, Австралија…

2. Четири земји победија на Евровизија еднаш во исто време

Невообичаена ситуација на Евровизија се случи во Мадрид во 1969 година. Од 16-те земји кои тогаш учествувале на натпреварот (а меѓу нив била и Југославија), за прв пат во историјата победиле дури четири. Тоа биле Обединетото Кралство („Boom Bang-a-Bang“), Шпанија („Vivo cantando“), Холандија („De troubadour“) и Франција („Un jour, un enfant“). Сите освоиле по 18 поени и во тој хаос немало доволно медали за сите. Но, барем без расправија било договорено следната Евровизија да се одржи во Амстердам.

3. Земјата која најмногу и најмалку пати победила на Евровизија

Едно од најчестите прашања поврзано со Евровизија е кој победил најмногу. Тоа би била Ирска, која победувала седум пати. Покрај тоа, нивниот музичар Џони Логан двапати ги претставувал на Евровизија и двапати победил. По Ирска следи Шведска со шест победи.

Кога би сакале да видиме која земја најмалку победила, ќе нè изненади „натпреварот“: Малта, Кипар, Исланд, Полска, Романија, Албанија, Бугарија, Чешка, Словенија, Хрватска. А на последното место најчесто завршувала Норвешка – дури 11 пати. Можеби им е полесно со оглед на тоа што во несреќната статистика ги следат и нивните фински соседи. Во општеството болката поминува полесно.

4. Уште неколку рекордери…

Најкратката песна изведена на Евровизија траела само минута и 27 секунди: Тоа била песната „Aina mun pitaa“, на финскиот панк рок бенд Pertti Kurikan Nimipaivat. Подолго име на бенд од самата песна! Од друга страна, најдолга песна била италијанската „Corde Della Mia Chittara“ од Нунцио Гало. Таа траела 5 минути и 9 секунди.

5. Да се биде домаќин на Евровизија значи добра можност за промовирање на туризмот

Изборот за песна на Евровизија не е само можност за изведувач да се пробие на музичката сцена и на најдобар начин да ја претстави својата земја. Тоа е и можност за земјата победничка да привлече што повеќе посетители за да биде домаќин на следната Евровизија: гости, новинари, сниматели… Досега најголемата евровизиска арена ја обезбеди Данска со стадионот Паркен во Копенхаген, а најмал беше Ирска Грин Гленс Арена во 1990-тите.

6. Кичот и политичката полемика – ништо без тоа

Ако некој искоментира дека Евровизија стана кич, тешко дека би ги навредил нејзините фанови. Многумина ја сакаат токму поради тој дух од деведесеттите. Но, кога политиката ќе се вклучи на сцената, тогаш мрморењето веќе станува погласно. Евровизија одамна е мета на критики за пристрасно оценување и не мислиме на соседското давање поени. Понекогаш натпреварувачите користеа песни како политички пораки, провоцирајќи се меѓусебно (Ерменија и Азербејџан, Русија и Украина). И се случи во арапските земји „случајно“ да заборават да го емитуваат настапот на израелските изведувачи.

Проблемот настанува кога политиката се рефлектира во давање поени, каде квалитетот на песната и изведбата паѓа во втор план, а конфликтите се разбиваат преку претставниците и нивната музика.

7. Најуспешните музичари и оние кои штотуку станале такви

За многумина, Евровизија послужи како отскочна штица во нивните меѓународни кариери. Тоа можеби најдобро го покажаа минатогодишните победници од италијанскиот бенд Манескин, а долго пред нив тоа го потврдија АББА, Хулио Иглесијас и Селин Дион (да, пред Титаник таа ја претставуваше Швајцарија на Евровизија). Можеби најпознатата песна што некогаш заблесна на Евровизија, а потоа и во светот е Euphoria во изведба на шведската пејачка Лорин (дури 18 земји ѝ дадоа максимални 12 поени, што беше рекорд). На сцената имаше и ѕвезди кои претходно постигнаа голем меѓународен успех, како Русите од t.A.T.u., американскиот рапер Фло Рид или Горан Бреговиќ. Значи има место за сите!