Рекордниот добитник на лото, кој освои 2 милијарди долари, ги прави сите најлоши финансиски грешки на кои може да помислите. Што мислите, колку ќе му трае богатството ако продолжи вака?
Најсреќниот човек во светот, кој освои неверојатни 2,04 милијарди долари на Powerball ако продолжи вака ќе ги потроши за рекордно време.
31-годишниот Калифорниец ужива во луксузниот живот откако ја доби наградата во ноември, откако одбра еднократна исплата од 997,6 милиони долари. Само еден месец по добивката, купи луксузна куќа во Холивуд Хилс за 25,5 милиони долари, а потоа потроши дополнителни 4 милиони долари за дом во јапонски стил во Алтадена.
И тука не запре – неодамна купи трета, неверојатно скапа куќа за 47 милиони долари, луксузна вила во Лос Анџелес со спектакуларен поглед.
Трошењето продолжува: Кастро потрошил огромни суми за 24-часовна безбедност откако стана познат во февруари 2023 година, а забележан е како вози ретро Porsche 911 – автомобил вреден околу 250.000 долари.
Сепак, додека Едвин ужива во своето богатство, финансиските експерти тврдат дека прави сериозни грешки. Првата грешка, според нив, било тоа што ја одбрал еднократната исплата наместо годишни рати, кои долгорочно би донеле повеќе пари.
По оданочувањето, Едвин останал со 628,5 милиони долари од својата неверојатна награда од 2,04 милијарди. Експертите предупредуваат дека оние што одбираат еднократна исплата треба веднаш да се консултираат со даночен адвокат или финансиски планер за управување со новото богатство.
Иако инвестициите во недвижности изгледаат како разумен потег, експертите советуваат против купување на скапи имоти веднаш по добивката. Емили Ирвин, директорка за советување и планирање во Wells Fargo, изјави за Fortune: „Не правете никакви видливи промени во животот. Не давајте отказ на работа, не купувајте Ферари, не купувајте вила“.
Ирвин додаде дека враќањето на студентските долгови е разумно, но големите купувања се грешка.
Џејкоб Турнер, советник од Moment Private Wealth, го критикуваше раскошното трошење на Едвин на Твитер, велејќи дека направил „сè што не треба да се прави“.
Турнер напиша: „Купи куќа од 25.500.000 долари еден месец по добивката. Купи имот од 4.000.000 долари близу местото каде што го купи тикетот. Најново – купи куќа од 47.000.000 долари со поглед на Лос Анџелес. Тоа значи вкупно 76.000.000 долари потрошени за имоти. Дополнително, се вози во скапи ретро спортски автомобили,“ додаде тој.
Сепак, Турнер посочи дека „најинтересното“ е што Едвин би можел да го одржи овој луксузен начин на живот ако остатокот од богатството мудро го инвестира.
Тој објасни: „Ако претпоставиме годишна стапка на повлекување од 3% и дека остатокот од парите ги инвестирал во диверзифицирано портфолио (иако веројатно не е така), тоа би му овозможило да троши 16.575.000 долари годишно без да го допре главниот капитал. Трошоците за неговите имоти, со одржување, осигурување и даноци, изнесуваат околу 2-3 милиони долари годишно според моите процени. Ова би му оставило над 1.000.000 долари месечно за живот,“ заклучи тој.
Коментирај анонимно