Репортер на Би-Би-Си ограбен за време на пренос во живо во Лондон – погледнете ја неговата изненадувачка реакција

Ѕвездата на Би-Би-Си, Хари Лоу, добил задача да известува за силен дожд и поплави во главниот град од улиците на предградието Мортлејк во понеделникот вечерта, кога одеднаш му го украле ранецот.

Тој го објави видеото на својот Твитер профил „Кариерата пред се. Ми ја украдоа чантата додека бевме вклучени во живо“

Сегментот се префрла на претходно снимено интервју и кога повторно се враќа камерата на Лоу тој стои здрвен и не зборува. Тоа е моментот кога тој гледа како некој му ја краде чантата и бега со неа. Но, реакцијата на репортерот ги изненади гледачите. Тој остана смирен и ја заврши својата работна задача.

Лоу дополнително не даде информација дали крадецот е приведен. Сепак, многумина го пофалија дека ја задржал пристојноста во тешкиот момент.

„Ох Хари!! Апсолутен професионалец. Сепак, тоа е ужасно, многу жалам што ти се случи“

„Браво што продолживте“

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *