Решете ги овие 5 загатки за да ги тестирате вашите вештини за преживување
Луѓето кои дејствуваат без двоумење во итни ситуации, како медицински сестри, пожарникари и полицајци, го пренасочиле мозокот и се во состојба да го контролираат одговорот на нивниот страв. И обичниот човек може да го стори тоа со искуство и повторување. За ваша среќа, постои безбеден начин да проверите колку ви се добри вештините за преживување! За точните одговори кликнете на илустрацијата.
1. Соба полна со вода
Замислете дека сте заробени во просторија во која нема врати и прозорци. Одеднаш, собата започна да се полни со вода, сте провериле насекаде и нема како да ја исклучите. Знаете дека помошта е на пат, но тие нема да дојдат за барем 5 минути, додека имате 2 минути додека не се поплави целата просторија. Не можете да го задржите здивот 3 минути.
Во близина на вас има 3 предмети, а само еден од нив всушност може да ве спаси во оваа ситуација. Сламка, јаже и кофа. Кој би избралњ да ве спаси, како и зошто?


2. Авион во пламен
Летате со вашиот приватен авион. По грубо итно слетување, избувнува пожар каде престојувате. Огнот се шири насекаде и има многу чад. Мора да најдете начин да преживеете и да избегате. Погледнувате околу вас и наоѓате 3 предмети во ваша близина. Мал противпожарен апарат, шише со топла вода со волнена обвивка. Што од ова ќе ви даде најголеми шанси за преживување?


3. Мутации во лабораторија
Чуден вирус се проширил внатре во лабораторија. Вие сте научник, кој е заглавен внатре и не може да излезе надвор. Пред вас има 3 врати што водат надвор, но во овие простории има стапици. Во внатрешноста на вратата број 1 има растенија што јадат месо, внатре во вратата број 2 има огромни мутирани оси, а внатре во вратата број 3 има гладни мутирани тигри.
Која врата ќе ја изберете за да се спасите од оваа екстремна ситуација?


4. Каснување од змија
На прошетка во шумата, ќе ве касне змија од потколеницата, а нема никој околу да ви помогне. Може да се обидете да го исцедите отровот, ако сте доволно флексибилни за тоа. Друга опција е да седите мирно и да го преврзете каснатото место. Или можете да останете мирни и да не ја преместувате областа каде што ве каснала. Што ќе направите за да преживеете?


5. Кутии на болка
Одите боси и одеднаш пред вас, гледате 3 кутии. Мора да поминете низ една од овие кутии, нема друг начин. Првата кутија е исполнета со врел јаглен, втората кутија е исполнета со клинци, а кутијата број 3 е исполнета со скршено стакло. Која кутија ќе ја изберете за да излезете од оваа ситуација најмалку повредени.

