Решете за загатката за „совршениот бербер“ и разбудете го логичарот во вас

Сите чувствуваме големо задоволство кога ќе успееме да решиме некој квиз или загатка. Секако ова е нормално затоа што чувството за успех и доказите за интелигентниот и логичкиот подвиг се секогаш добредојдени. Обидете се да ја решите загатката со логичарот кој сакал да си направи убава фризура и исполнете си го денот со добро расположение.

Еден логичар завршил во мал град и имал слободно време пред да го продолжи својот пат. Тој сфатил дека му е потребно потстрижување, па решил да побара локален бербер и да си го реши проблемот. Во градот имало само двајца бербери и секој си имал своја берберница, сместени една до друга.

Логичарот погледнал во првата берберница и забележал дека е крајно неуредно. На берберот му требало бричење, облеката му била неуредна, косата лошо потстрижана. Втората берберница била крајно уредна. Берберот бил свежо избричен и беспрекорно облечен, косата убаво потстрижана.

Зошто логичарот одлучил својата фризура да ја направи во првата берберница каде имало само хаос и неред?

Решението е на втората страна.