Ресторан тужи гостин, откако тој оставил бакшиш од 3000 долари за оброк од 13 долари
Како што ќе ви каже секој кој работел во угостителската индустрија, се е до бакшишот. Како келнер, секогаш постои оваа фантазија дека, еден ден, многу дарежлива личност со премногу пари ќе дојде и ќе ви го промени животот.

Во случајот со кафулето на Алфредо во Скрентон, Пенсилванија, ова всушност стана реалност. Клиентот Ерик Смит одлучил да остави бакшиш од 3.000 долари за оброк од 13 долари и ресторанот реагирал на начин што многумина не би го очекувале.
Келнерката Маријана Ламберт изјави: „Навистина ми значеше многу затоа што сите минуваат низ тешки работи. Навистина ми го разнежни срцето. Сè уште не можам да верувам. Сè уште сум во шок“.
„Алфредо“ биле запрепастени од настанот и се соочиле со Смит за да се уверат да не ги оставил парите случајно. Мет Мартини, кој работел во ресторанот, му побарал на Смит дополнителни информации и лична карта. Откако ги покажал своите лична карта и картички, келнерите забележале дека Смит оставил чудна белешка на чекот со бакшишот, на која пишувало: „Бакшиш за Исус“.
Очигледно, сето тоа било дел од трендот на социјалните мрежи и Смит решил да се вклучи. Сепак, она што првично се сметало за добро дело набрзо се претворило во заканувачкa ситуација, оспорувајќи го бакшишот. Тој откако го напишал чекот со бакшишот, тој бил одобрен од ресторанот, но потоа Смит решил да го повлече, што всушност е и целта на оние што го следат трендот.

Захари Џејкобсон, кој исто така работел во кафулето, изјави: „Мислевме дека некој всушност се обидува да направи добра работа. Но, еве сме три месеци подоцна? Ги враќаме парите од наш џеб“.
Затоа што ресторанот ѝ дозволил на Ламберт да ги земе тие 3000 долари, тие потоа биле принудени да му ги вратат парите на Смит од нивните сопствени џебови. И покрај обидите да се објаснат со Смит, „Алфредо“ немале друг избор освен да поднесат граѓанска тужба против него.
Луѓето од маалото кадешто се наоѓа кафулето направиле „GoFundMe“ страна, на која се собираат пари за ресторанот.

Коментирај анонимно