Премини на МотикаX

Ресторани Сидро – Гастрономски рај за љубителите на морска храна во Скопје

Ако сте љубител на свежа, автентична морска храна подготвена со страст и внимание, рестораните Сидро се вашето идеално пристаниште! Место за уникатно гастрономско доживување инспирирано од медитеранската кујна и вкусот на морето.

Сидро е асоцијација за добра храна со свежи и квалитетни состојки. Менито изобилува со внимателно избрани јадења – од класични салати и предјадења со морски плодови, преку сочни риби на скара, до специјалитети на куќата кои ќе ве вратат на морските брегови.

 

Овде ќе вкусите креативни јадења, ќе доживеете chill атмосфера, како  да сте на одмор… дури и сред работна недела. Од крцкави лигњи и сочни шкампи, пржени каламари, ракчиња во кадаиф, лосос и рижото, до риба на скара што се топи во уста – Сидро е твојот сигурен избор кога сакаш нешто вкусно, лесно и со морски шмек. Кога ќе ја пробате храната и самите ќе се уверите зошто готвачите ги нарекуваат вистински морски уметници!

 

Покрај исклучителната кујна, ресторани Сидро нудат и топла, семејна атмосфера и услуга што ги прави гостите да се чувствуваат како дома. Без разлика дали сте на романтична вечера, деловен ручек или семејно славење – овде ќе доживеете искуство кое ќе биде незаборавно.

Па така кога станува збор за избор на морска храна рестораните Сидро се прва опција за Скопјани. Не случајно одлични рецензии и препораки има и на Trip Adviser.

Времето поминато во Сидро не е само обичен ручек или вечера туку сетилно патување што гради спомен и живее долго по последниот залак. Сидро нека биде гастрономски компас за вистинските љубители на добра храна.

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *