Ретко кој би и дал 56 години, а таа неодамна ја откри својата магична формула за вакво тело

Покрај актерка, оваа сестрана жена, Елизабет Харли (56) ја носи и титулата мајка, модел, но и дизајнерка на костими за капење. На својот Инстаграм профил таа сподели фотографија на која покажува колку ужива лежејќи покрај работ на базенот со поглед кон морето. Таа носеше црн дводелен костим за капење веројатно од некоја од нејзините колекции.

Под оваа објава, Харли доби многу комплименти како: „најубавата жена на светот“, и емотикони оган и насмевки со заљубени очи.

Оваа дизајнерка на костими за капење често позира во своите колекции, поради што ја нарекуваат и кралица на бикините. Таа на сите им докажа дека годините се само бројка и дека и во шеесетите можете да изгледате беспрекорно добро.

Во неодамнешното интервју за Дејли Мејл, Елизабет откри како ја одржува својата линија, но и што јаде најмногу.

„Обожавам да работам во мојата градина и често ги шетам моите кучиња. Не вежбам, но не можам да седам мирно долго. Всушност јадам многу, но многу малку непотребна или преработена храна и не пијам многу алкохол. Се трудам да јадам многу зеленчук и никогаш не јадам помеѓу оброците. Имам поголема тежина од пред неколку години но не се замарам со тоа. Веројатно сега јадам малку повеќе но не јадам брза храна и газирани пијалоци пијам само еднаш месечно. Животот е прекраток за да бидам на супер строга диета. Слабоста ми е путерот од кикирики – ако е дома, ќе си го пикам прстот во теглата секогаш кога ќе поминам покрај него“, рече актерката.