Револтот расте кон идиотите кои купија храна за наредни 3 години и сега истата ја фрлаат

Луѓето продолжуваат да фрлаат храна откако собрале повеќе отколку што можат да консумираат како резултат на паничното купување поради коронавирусот (поради идиотизам).

На социјалните мрежи почнаа да споделуваат полни контејнери и канти за ѓубре со голема количина зеленчук, овошје, леб, насекаде низ светот.

Освен што фрлаат расипана храна, фрлаат и совршено добри производи, наместо на пример да ги подарат на некој кој што навистина нема. Она што уште повеќе ги изреволтира луѓето е што некои луѓе фрлаат и конзервирана храна, која очигледно им „здосадило“ да ја јадат, а исто така биле фотографирани и цели пакувања тестенини и слични производи.

Додека екомомијата пропаѓа поради пандемијата и некои луѓе стравуваат за тоа како ќе го преживеат следниот месец, некои луѓе буквално се расфрлаат со јадење. Револтот е најголем кај Британците бидејќи тие први го забележале овој „феномен“.