Премини на МотикаX

„Режим на суперчовек“: Како стравот натерал човек без физичка подготвеност да се искачи на 12 метарска вертикална карпа?

Во индиската држава Махараштра, пекарот Амитабх Рахул стана локален херој по неверојатен настан што се пренесуваше и телевизијата. Човекот, кој цели 40 години продава лепчиња по селата во Западните Гати, на пат кон соседно село се соочил со глутница агресивни бездомни кучиња на тесна планинска патека. Без можност за бегство и со телесна тежина од 97 килограми, Амитабх успеал да се искачи на 12 метри висока карпа – подвиг што изгледа невозможен, особено за човек без спортска подготовка и со страв од височини.

 

„Режим на суперчовек“: Како стравот натерал човек без физичка подготвеност да се искачи на 12 метарска вертикална карпа?

Натприродна сила?

Кога сфатил каде се наоѓа, го обзела паника и почнал да повикува помош. Минувачи го забележале и повикале спасувачи, кои го симнале од карпата. Тој изјавил дека не се сеќава на самиот момент на качување и верува дека некоја натприродна сила му помогнала да преживее.

Овој настан поттикна дискусија за феноменот на таканаречениот „режим на суперчовек“ – состојба во која човек, под екстремен стрес, покажува неверојатна физичка сила или издржливост. Слични случаи се забележани низ светот: жена што прескокнала триметарски ѕид бегајќи од животно, мајка што со голи раце спасила дете од мечка, па дури и тинејџер кој преживеал 48 минути под вода без трајни оштетувања.

 

Натприродна сила?

Неистражен феномен

Науката сè уште го истражува овој феномен, кој можеби е поврзан со длабоки, древни делови од мозокот или гени активирани во екстремни ситуации. Но едно е сигурно – кога животот е во прашање, телото и умот можат да направат неверојатни нешта.

 

Неистражен феномен

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *