Режисер ни ја покажува локацијата на секоја американска воедна база во странство, во обид да долови до каде се протега моќта на САД

Џони Харис, кој објавува видеа на YouTube и TikTok, ја посочи локацијата на сите моментално активни американски бази на Земјата, а резултатите говорат сами за себе.

Како што покажува мапата на Харис, со забележителни исклучоци во противниците како Русија и Кина, САД имаат бази во скоро секој агол на светот, најгусто поставени во Источна Азија, Источна Европа и Централна Америка.

Харис објаснува дека Америка има особено многу бази во Јапонија, Јужна Кореја и Германија, земји кои беа окупирани, барем делумно, од американските сили по Втората светска војна.

Се на се, има околу 800 американски бази распоредени низ целиот свет, а Харис тврди дека опсегот на американското воено присуство е форма на модерниот империјализам.