Рибарот без дозвола и полицајците (виц)

Рибар ловел без дозвола и го фатиле полицајци со една кофа полна со риби.
– Овие риби јас не ги уловив – почнал да се правда рибарот – тие се мои домашни миленичиња. Секој ден си ги „шетам“ до езерото, ги пуштам половина час во водата, да попливаат малку и после кога ќе им свирнам, сите скокаат во кофата. Ако не верувате, дојдете ќе ви покажам.
Полицајците не му поверувале, се разбира, но решиле да видат до каде ќе оди со лагата. Рибарот ги истурил рибите во езерото, ја превртел кофата наопаку и си седнал. По некое време еден од полицајците му рекол:
– Е ајде де, доста им е пливање, викни ги да се вратат назад!
– Кого да викнам?
– Па рибите.
– Какви риби?