Рибарот и чуварот кој го фатил да лови во забранета зона (виц)
Еден рибар уловил две риби во забранена зона и му дошол чуварот.
– Е сега те фатив на дело и ќе платиш дебела казна!
Рибарот го замолил:
– Немој така веднаш со казни. Овие две риби ми се домашни миленичиња. Ги носам тука еднаш неделно да попливаат малку. Дресирани ми се кога ќе свирнам веднаш да дојдат кај мене.
Чуварот се замислил малку и му рекол:
– Абе ти будала ли ме правиш? Сега ќе ти докажам дека лажеш! Ајде пушти ги и покажи.
Ги пуштил рибарот рибите, тие отпливале.
Поминала минута, две, три…
Чуварот нервозно му рекол:
– Ајде де свирни, да видиме дали ќе ти се вратат рибите!
– Какви риби бе стари?!
Maца, поубаво го кажува.
Коментирај анонимно