Ријана ја избра трансродовата ќерка на Илон Маск, Вивијан, за експлозивната кампања за долна облека за Валентајн
Ријана ја ангажираше трансродовата ќерка на Илон Маск, Вивијан Вилсон, за најновата кампања за Денот на вљубените на Savage x Fenty. 21-годишната ѕвезда, која е во затегнати односи со татко си, ги прикажа најновите модели од колекцијата „Love So Savage: A Modern Ode to Aphrodite“.



Вивијан Вилсон со две нови колекции

Вивијан Вилсон позира во розов балконет градник со цветен дезен и чипкана мини сукња за Savage x Fenty, дополнето со црвени чорапи и златни обетки. Во кампањата се појавува заедно со Лови Симоне и Ема Арлета пред статуи од мермер, додека носи и темно црвен кармин. Таа минатата година дебитира како модел, најпрво на насловната на Teen Vogue, а потоа и со брендот Wildfang, како и Tomboyx. „Страшно ми беше“, изјави таа за Vanity Fair за својата прва фотосесија. „Пред тоа никогаш не покажував кожа, па дури ни на плажа со пријатели не носев костим за капење. Но сакав да се докажам себеси дека можам да имам повеќе самодоверба во моето тело.“

Во сенка на славата и семејните релации – Вивијан расте јавно и без компромис на својот идентитет и говори за односот со Илон Маск

Вивијан е најстарата ќерка на Маск и неговата поранешна сопруга Џастин. На 16 години јавно излезе како трансродова личност, а две години подоцна побара да се симне презимето Маск поради оддалеченоста со својот татко. Во интервју за Teen Vogue, таа отворено рече: „Не ми е гајле за него. Навистина не ми е. Ме нервира што луѓето ме поврзуваат со него. Веќе немам простор да се грижам за тоа.“ Вивијан опишува дека не ѝ е лесно да биде славна личност: „Се борев долго да ме гледаат како нормална личност. Имаше момент кога никој не знаеше која сум – тоа беше одлично. Сега ми недостига тоа, но од друга страна ми се допаѓа и славата.“

ПИЧКА ЛИ ВИ МАТЕРИНА РЕТАРДИРАНА. ИДОКИНИРААТ ДГИ УНИШТАТ ПА ПОСЛЕ ОД НИВ ПРАВАТ ЗВЕЗДИ ЗА КОГА КЕ СТАНАТ МОЌНИ ДА МОЖЕ ДА ГИ КОНТРОЛИРААТ И ТЕК ТОГАШ ДА ИМ ГО ЕБАТ МАМЕТО НА СВЕТОТ. СО ВРЕМЕ УБИТИ ГОМНО.
Коментирај анонимно