Рита Леви-Монталчини: Жената што ѝ покажа на староста како се живее

„Никогаш не сум била болна,“ изјави таа на сто години – не како фалење, туку како животна филозофија. Рита Леви-Монталчини не се жалееше, не драматизираше, не се предаваше.

Родена во Торино во 1909 година, како Еврејка под фашистичкиот режим, ѝ беше забрането да работи. Но, наместо да се откаже, таа постави лабораторија во својата спална соба и таму го направи своето најголемо научно откритие – факторот за раст на нерви, за кој подоцна доби Нобелова награда. Нејзиниот живот беше сведоштво дека и во најтешките времиња, човек може да создава, да мисли и да не се откажува.

 

Рита Леви-Монталчини: Жената што ѝ покажа на староста како се живее

Мозокот како мускул: тајната на долгиот и исполнет живот

Рита веруваше дека телото е само носител, а умот – вистинскиот двигател на животот. Јадела само еднаш дневно, станувала во пет наутро, спиела шест часа, и сѐ до 103 години одела на работа. Нејзиниот ум останал остар до последен ден. Читала, анализирала, учела јазици, држела предавања и ги инспирираше сите. Таа докажа дека постојаната ментална активност е клучот за долголетие. Во нејзините зборови: „Ако сакаш да доживееш сто години – јади еднаш дневно, станувај рано и работи со главата“.

 

Мозокот како мускул: тајната на долгиот и исполнет живот

Наследството на една жена што не се плашеше од смртта – туку од празен живот

Рита никогаш не се омажила, немала деца и живеела скромно. Но не била осамена – нејзиното семејство биле идеите, науката и книгите. Не ја интересирал луксузот, диетите или жалбите. Верувала дека смртта не е крај, туку дека суштината на животот е во пораките што ги оставаме. Таа остави нешто што трае подолго од телото – начинот на кој се живее животот: без страв, без жалење и без компромис со себе. Последните ѝ зборови биле: „Јас сѐ уште не сум ја завршила работата“.

 

Наследството на една жена што не се плашеше од смртта – туку од празен живот