Роџер Федерер ќе стане прва жива личност на швајцарските монети

Роџер Федерер ја поседува тениската сцена во период од 15 години и сега конечно луѓето можат да го „поседуваат“ него.

20-кратниот шампион на Гренд Слем ќе стане првиот жив човек во неговата родна земја кој ќе биде почестен неговиот лик да се најде на паричка.

„Federal Mint Swissmint“ ќе издаде сребрена монета од 20 швајцарски франци во јануари 2020 година и планира да издаде и златната паричка од 50 франци со различен дизајн во мај. Поради големата побарувачка од целиот свет, Swissmint покажа како ќе изгледа сребрената паричка со „необрежан“ квалитет.

Швајцарската влада соопшти во изјава дека Федерер е најпознатото Швајцарско лице во и надвор од теренот. Како и неговиот рекорд за најмногу машки титули во Гренд Слем во синглови, Федерер исто така има и добротворна фондација за деца во јужна Африка и беше првиот амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.

Сребрената паричка ќе се продава во ограничено издание од 95.000 монети за 30 швајцарски франци (23,38 фунти / 30.09 $).