„Робин Худ“ хакери ги донираат украдените пари во добротворни цели

Група хакери кои стојат зад нападите врз неколку мултимилионски компании започнаа да донираат украдени пари во добротворни цели, велејќи дека сакаат да го „направат светот подобро место“. Хакерската група „Darkside“ (Темната страна) објави потврди на Dark Web од две донации од 10.000 американски долари направени во добротворни организации користејќи биткоин.

Двете добротворни организации, Детска меѓународна организација и Проектот за вода, ги добија парите преку сервисот за донации со седиште во САД, наречен The Giving Page, кој беше основан за да им помогне на милионерите во крипто-валута да можат поедноставно да донираат пари во добротворни цели. Во објава на блог, хакерите тврдат дека во нивните напади таргетираат само големи, профитабилни компании.

„Сметаме дека е фер дека дел од парите што компаниите ги платија да бидат наменети за добротворни цели. Колку и да мислите дека е лоша нашата работа, со задоволство знаеме дека помогнавме да се промени нечиј живот. Денес ги [испративме] првите донации.“, пишале хакерите.

За жал на хакерите, се чини дека не сите се согласуваат со нивните неортодоксни методи. Една од добротворните организации „Детска меѓународна организација“ веќе рече дека нема да ги прифати парите. Дарксајд е релативно нова група хакери, а експертите велат дека ова е прв пат компјутерски криминалци да користат украдени пари за да донираат во добротворни цели.

Аналитичарите, исто така, посочија дека, иако агенциите за спроведување на законот станаа подобри во следењето на трансакциите со крипто-валути, фактот дека сè уште е можно анонимно да се вршат големи трансфери. Идејата за хакери од типот „Робин Худ“ предизвика дебата околу етиката на добротворни организации кои прифаќаат украдени пари.