Роботакси на Waymo се движи на погрешна страна од улицата и предизвика хаос во Тексас

Ние не го делиме патот со роботакси, тие великодушно го делат патот со нас. Оваа недела, едно целосно автономно возило на Waymo беше забележано како греши и вози по погрешна страна на улица во Остин, Тексас, принудувајќи ги возачите да застанат со претпазливост.

Роботакси на Waymo се движи на погрешна страна од улицата и предизвика хаос во Тексас

Камерата го фаќа моментот: Автономниот Waymo вози во спротивна насока, вклучува светло за итни случаи, па потоа крши уште едно правило

Инцидентот беше снимем и објавен на Редит. За момент, се гледа како Waymo го вклучува светлото за итни случаи, потоа го вклучува трепкачот, по што врти во спротивна насока од покажаната и влегува во бензиска пумпа, без грижа за времето. „Само уште еден ден во Остин“, напиша лицето што го објави видеото.

Waymo повторно ги прекршува правилата

Ова е уште еден пример за тоа како роботаксите се однесуваат како да се во Grand Theft Auto, без грижа за законот. Не е ни првпат возило на Waymo да биде уловено на погрешна страна од патот. Иако Waymo се фали со импресивна статистика за безбедност, нивните возила некогаш се однесуваат на комични, збунувачки или навистина опасни начини.

Страшни инциденти: Waymo возила ја игнорираат сигнализацијата на школски автобус и ги загрозуваат децата

Овој месец, Waymo повлече софтверски додаток откако нивни возила беа видени како преминуваат покрај застанати школски автобуси со активирани светла и знаци за стоп, вклучително и барем еден случај во кој Waymo поминува право покрај деца што излегуваат од автобусот. Во Остин беа пријавени 20 вакви инциденти, поради што Националната администрација за безбедност на сообраќајот отвори истрага против компанијата.
Во Сан Франциско, Waymo предизвика гнев кога едно од возилата усмрти омилената мачка од локалниот дуќан Kit Kat, а друг автомобил прегази куче кое според сведоци си игралo на улицата.

Waymo ги надградува автомобилите да возат поагресивно, но зборува за безбедноста како најголем приоритет

Ова се случува додека Waymo го надградува софтверот на возилата за да се однесуваат поагресивно и слично на човечки возачи. „Безбедноста е наш најголем приоритет во Waymo, и за луѓето што се возат со нас и за тие со кои го делиме патот,“ изјави портпаролот за MySA. „Сериозно ги сфаќаме ваквите ситуации и посветено работиме на подобрување на безбедноста преку нашите искуства и континуирано учење.“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *