Роденденско изненадување за жената (виц)

Жената го прашува мажот:
– Миличок, знаеш дека во недела ми е роденден нели? Ќе има ли подарок за твоето маченце?
– Секако дека ќе има, сум ти спремил нешто, но сакам да биде изненадување.
– Сега нема да заспијам! Те молам кажи ми што е!
– Ти се допаѓа ли Италија?
– Оф да, многу!
– А, Англија?
– О Боже, од секогаш сум го сакала Лондон!!
– Одлично. Во недела вечер играат Италија – Англија во финале. Купив пиво и веќе се лади во фрижидерот.