Родено е првото „Тесла бебе“

Новороденче од Пенсилванија, Сад е наречено „Тесла бебе“ откако неговата мајка го родила на совозачкото седиште во едно од електричните возила.

Наводно, Јиран Шери почнала да има контракции доцна една ноќ во септември оваа година, но одлучил да почека до следното утро за да оди во болница.

Контракциите на Јиран почнале да се влошуваат на пат кон болница, а нејзиниот сопруг Китинг го ставил автомобилот Тесла на автопилот за да ѝ помогне на својата сопруга додека внимавал на нивниот тригодишен син Рафа, кој бил на задното седиште на автомобилот.

„ѝ велев на Јиран: „Во ред, фокусирај се на твоето дишење“. Тоа беше совет и за мене. Адреналинот ми растеше. Велев: „Рафа, се е во ред, пристигнува твојата сестра“.“

По  20 минути возење тие стигнале во болница само за Јиран да му открие на Китинг дека нивната ќерка веќе пристигнала.

Бебето било прегледано од педијатар, и било констатирано дека е во добра задравствена состојба, на големо олеснување на родителите.

И покрај нивните искушенија, Јиран тврди дека навистина ѝ олеснало што го родила бебето толку брзо, бидејќи три години претходно поминала низ тешко породување со Рафа.