Родители го носат бебето и 7-годишната ќерка на врвови повисоки од 3.000 метри и мислењата на луѓето се поделени

Храбри, авантуристи или луди и неодговорни? Мислењата на луѓето се поделени кога станува збор за овие родители. Џексон и Фреја Хулдинг на возраст од 3 и 7 годинки се искачија на Пиз Бадиле на границата на Швајцарија и Италија со нивните родители, кои се професионални алпинисти.

Лео Хулдинг (40) го предводеше семејството на планината од 3.307 метри при што тригодишниот Џексон стана најлмадата личност која се искачила на планината, а неговата сестра Фреја стана најмладата личност која се искачила без помош.

Лео е навикнат да се искачува на некои од најопасните врвови на Земјата, со тоа што неговата сопруга, 41-годишната Џесика, општ лекар, е и страствен алпинист. И сега нивните две деца ги следат нивните стапки. Лео ги пофали и двете деца за „импресивното“ достигнување, додавајќи дека Фреја – која штотуку наполни седум години минатата недела се искачила сосема сама, вклучувајќи го и пешачењето.

Џесика го носела Џексон кој тежи околу 15 килограми, додека Лео ја носел целата опрема за кампување и храна, која тежи „малку повеќе“. Лео, кој е амбасадор за Бергаус, го опиша како „правилно качување по карпи“, отколку како прошетка по планина. Тој вели дека бил свесен дека се на опасна прошетка, но во ниту еден момент не почувствувал дека работите излегуваат од контрола.