Родители го пронајдоа синот по 38 години, откако бил киднапиран од нивниот дом

70-годишниот пар, од северозападната провинција Шанкси, ги поминал последните 38 години молејќи се нивното дете, со прекар Џин Шуи, да се врати кај нив откако тој бил грабнат од нивниот дом во 1982 година, кога имал само две години. Полицијата конечно успеа да го пронајде синот, сега 40-годишен човек познат како Ли Гуолин, користејќи национална база на податоци за ДНК.

На денот на исчезнувањето на Џин, таткото на семејството, Су Бингде, тргнал да посети роднина. Верувајќи дека ќе се врати дома истата вечер, тој не заклучил зад себе, а сопругата у двете деца останале во домот. Сепак тој не се вратил таа вечер дома и мајката, Хуанг Ренксиу, сама ги легнала децата.

Кошмарот започнал рано наутро откако постарата ќерка ја разбудила Хуанг за да ѝ помогне да оди во тоалет, тогаш жената сфатила дека 2-годишното момче повеќе не е во куќата. Следната деценија, семејството неуморно го барало својот син, а г-дин Су патувал во други градови и села за да бара траги. Најчесто патувал пеш за да заштеди пари, понекогаш пешачел со часови без да застане, но без резултат.

Конечно, желбата на г-дин Су била исполнета откако полицијата го извести семејството дека нивниот син е лоциран откако пронашле ДНК совпаѓање во националната база на податоци. Синот, г-дин Ли, сега има свое семејство и живее во провинцијата Хебеи со својата сопруга и двајцата синови, на 1.104 километри оддалеченост од домот на неговите родители.